Гојазност

sl1Гојазност, со сите пратечки компликации, стана еден од водечките здравствени проблеми во развиените земји. Тој факт има големо медицинско, општествено и економско значење и тоа има предизвикано голем општествен и индивидуален интерес во нашето лекување.

Лекувањето се практицира од естетски и превентивни причини или од тераписки причини - корекција на постоечките патолошки состојби, како што се покачен крвен притисок, холестерол, триглицериди, покачен шеќер, артериосклероза... Било кој и да е мотив, процесот на слабеење треба да се одвива под надзор на лекар, зошто слабеењето на погрешен начин може да предизвика влошување на Вашето здравје и појава на несакани компликации како задолжителниот јо-јо ефект.

Суштината на третирањето на гојазноста е диета со промени во навиките во исхраната и зголемена физичка активност. Тој интегрален пристап со промени во начинот на живеење овозможува одржување на постигнатата нова тежина.

Причините за гојазноста се разни. Резултатите во лечењето се прилично сиромашни и не не охрабруваат многу. Според интернационалните статистики околу 90% завршуваат со неуспех. Се смета дека една од основните причини за неуспех во лечењето е недоволно пратење од страна на лекар.

Во голем број на случаеви, пациентите сакаат брзи резултати, без напор. Водени од многуте примамливи информации од огласите и рекламите во различни медии, нејчесто стануваат разочарани и фрустрирани поради изгубени, но и брзо вратени килограми.

За разлика од другите нефармаколошки начини на слабеење, протеинската диета се истакнува како едно од најдобрите решенија, затоа што се базира на научен и интегрален пристап на редукција на телесната тежина.

Диетата може да биде препишана единствено од страна на лекар, специјализиран за водење на протеинската диета. Пацентот е под лекарска контрола од самиот почеток, се следи во сите етапи на диетата, која покрај губењето на тежина овозможува реедукација во исхраната со крајната цел да сменат навики во исхраната и стилот на живеењето.