Пред да ослабам 40 килограми, едвај собирав сила да станам од кревет

Македонската пејачка Наташа Мијатовиќ - Мијата по подолга пауза се врати на сцената со песната „Kо деца мали“, која веќе се врти на радијата. Освен со новиот материјал, таа го привлече вниманието на јавноста и со изгледот. За шест месеци, ослабе 40 килограми и е среќна поради тоа. Вели дека порано телото не можело да го следи нејзиниот немирен дух.

- Имаш безброј идеи и планови, а едвај собираш сила да станеш од кревет. Големата тежина зема голем данок. Блиските велеа дека добро ги носам килограмите, но јас знам што значи да имаш вреќа цемент на плеќите. Јасно беше дека морам да ослабам. Сепак, не можев да го најдам механизмот и од ден на ден само станував подебела. Проблемите со тироидната жлезда сериозно ми го нарушуваа целиот метаболизам. Успеав да ослабам со диетата „Протекал“. Имав успех затоа што ги елиминирав јаглехидратите. Им го препорачувам овој режим на сите со хипотироидеја што почнале да губат надеж дека некогаш ќе ослабат - вели таа.