Подготовка на кесичките

Нашите производи се полуготови и готови, со дефиниран состав и најчесто спакувани во кесички. Секоја кутија содржи 7 кесички од истиот вкус, детално упатство за подготовка и состав. Една кесичка, без разлика дали е со благ или солен вкус, представува еден оброк.

Содржината на секоја кесичка се меша во шејкерот со одредено количество на вода со собна температура, за да се постигне саканата густина.

Кога ќе се добие хомогена, изедначена смеса, во зависност кој вид на оброк се подготвува, добиената смеса се става во фрижидер за да се излади и згусне, или доколку се работи за супите или топли пијалоци, смесата може да се загрее во микроталасна печ ка или на шпорет до саканата температура.

Доколку се работи за омлети и палачинки добиената смеса се пече на тава со многу мало количество масло. Исто така, омлетите (кајгани), палачинките и протенскиот леб можат да се печат во рерна.
Целта на ваквиот начин на подготовка е на пациентот да му се овозможи што е можно полесна подготовка на храната и поминување низ самата диета.