Протеинска диета

Протеинската диета е произлезена од докторската дисертација на професор Џорџ Блекбурн, кој што 1971-ва година ја одбранил на Универзитетот Харвард. После две години ова диета е сврстена од страна на Министерство за здравје од Канада во званичен метод за лечење на гојазноста. Од тогаш до сега, околу 30 милиони пациенти се лечени со ова диета во Канада, САД и Европа.

Протеинска диета се состои од три етапи:
1.Активна
2.Реедукативна
3.Етапа на одржување на постигнатата тежина

АКТИВНАТА ФАЗА подразбира редукција на масти и јаглени хидрати во исхраната, со сочуван внес на протеини. Со тоа настануваат одредени метаболички промени во организмот како што е снабдување со потребната енергија од сопствените масни резерви. Благодарение на нискиот внес на јглени хидрати настанува хипоинсулинемија (низок ниво на инсулин во крвта), што предизвикува липолиза (разлагање на масното ткиво). Масните киселини се оксидираат во кетонските тела, кои што сега стануваат извор на енергија, но и покрај тоа имаат и анорексичен ефект - одсуство на глад и анимички ефект - добро расположение со доста енергија.

Поради опишаните метаболички промени, протеинската диета се карактеризира со одсуство на глад, добро расположение, брзо губење на маснотото ткиво и зачувување на мускулната маса (поради соодветното внесување на протеини со висока биолошка вредност). Во активната фаза се губи од 1,5-2 кг неделно и тоа ги стимулира пациентите, зошто резултате се бргу забележливи и процентот на откажување од диетата е многу низок.

Пред да се почне со протеинската диета, неопходно е да се направат одредени лекарски прегледи и лабораториски анализи на крвта. Диетата треба да биде водена од страна на обучени лекари кои ќе ги контролираат пациентите во секоја фаза и комплементираат диета со одредени витамини и минерали, како и да контролираат метаболички промени од фаза до фаза. Во првиот дел од активната фаза се конзумираат 5 готови протеински оброци, со додаток на свежите салати и зеленчук. Оброците се во вид на супа, кајгана, пире, шејкови, сокови, мус, пудинг, палачинки и колачи. Во другиот дел од активната фаза два готови оброци се заменуваат со месо, риба, морски плодови и јајца.

РЕЕДУКАТИВНАТА ФАЗА започнува после завршување на активната фаза, кога телесната тежина на пациентот се приближува до идеалната. Во неа постепено се зголемува внес на јаглени хидрати, а намалува внес на готови протеински оброци. Намирниците се земаат по групите, со што се тежнее кон создавање на уравнотежена исхрана и нови правилни навики во исхраната.

ПОСЛЕДНА ФАЗА НА ОДРЖУВАЊЕТО на постигнатата телесна тежина, се однесува на веќе изменети навики во исхраната и стилот на живеење. Во склад со полот, годините и здравствената состојба, секој пациент ја завршува диетата со индивидуални препораки и периодични контроли. Во ова фаза се постига адаптација на метаболизмот на секојдневната исхрана и благодарение на ова фаза јо-јо ефектот не постои.

Протеинската диета базирана на овој метод го намалува кардиоваскуларниот ризик, кој е еден од основните причинители на заболување и смртност кај гојазните личности. Болестите и состојбите: покачен крвен притисок, дијабетес тип 2, хиперлипопротеинемија и други пореметувања на метаболизмот, во текот на диетата се подобруваат, како и другите поврзани заболувања, како што се артроза, апнеа во текот на сон, астма или венска инсуфициенција.

Со протеинската диета се постигнува брз губиток на телесната тежина, од 7-10кг месечно, со зачувување на мускулната маса и еластичноста на кожата (поради внес на протеини со висока биолошка вредност, минерали и витамински додатоци), одсуство на глад и присуство на добро расположение.

velice1

"Pocitvani,

Ova e mojot dosegashen uspeh..-50 kg za 7-8 meseci. Ova seuste trae...Ve molam ako ne veruvate da mi se obratite. Blagodarnost do Protekal Dieta, se osekam WOW (no comment)..."