Потребни анализи за првиот преглед

Пред доаѓањето на првиот преглед потребно е да ги направите следните крвни анализи (не постари од еден месец):

-Комплетна крвна слика со леукоцитарна формула
-трансаминази (ALT,AST,GGT)
-мокраќна киселина
-уреа и креатинин
-глукоза
-вкупен холестерол, HDL, LDL
-триглицериди
-електролити ( Na, K, Ca, Mg, Cl)
-Fe
-TSH, T3, T4
-Урина - седимент

Доколку имате проблеми со штитната жлезда, потребни се наоди од ендокринолог не постари од 6 месеци, како и анализи : TSH, T3 i T4.

Во случај да имате срцеви проблеми потребен е наод од кардиолог со ЕКГ, не постар од 6 месеци, како и список на лекови кои што ги конзумирате.

Доколку имате diabetes mellitus тип 2, Ве молиме тоа да го спомнете при закажувањето на првиот преглед, како и да направите додатна лабораториска анализа: HbA1c и донесете последен извештај од ендокринолог.

На првиот преглед, исто така, потребно е да ја понесете сета актуелна медицинска документација (во случај да имате некаков здравствен проблем).