Нема производи во кошничката.

ЦРВЕНА ФАЗА: Почнуваме со стоп фазата со зголемена количина на протеини и намален број на калории во исхраната. Во оваа фаза доаѓа до брзо топење на масното ткиво, губење на вишокот килограми и намалување на обемот на телото. Благодарение на висококвалитетните Nutrical протеини, како и на честите оброци во текот на Nutrical програмата нема чувство на глад. Многу е важно да се истакне дека нема губење на мускулната маса како последица на исхраната богата со протеини. ЦРВЕНАТА фаза се состои од 5 дневни оброци, од кои 3 се Nutrical производи, додека останатите 2 оброци се секојдневни намирници.
Во ЦРВЕНАТА фаза Nutrical производите користете ги за двете ужини (благи вкусови) и за ручек и вечера (солени вкусови) во зависност од дневните обврски и желби.
| ОБРОЦИ | ЦРВЕНА ФАЗА – ДНЕВНО МЕНИ : |
| ДОРУЧЕК | 40 гр леб или двопек (интегрален – околу 2 парчиња) или 30-40гр житарици + млечен производ со мал процент на млечна маст – млечен намаз или 1 шоља јогурт + овошје |
| УЖИНА | Nutrical |
| РУЧЕК | Nutrical или намирници богати со протеини (месо или риба) + зеленчук |
| УЖИНА | Nutrical + овошје |
| ВЕЧЕРА | Nutrical или намирници богати со протеини (месо или риба) + зеленчук |
ЗЕЛЕНЧУК
Можете да го користите во неограничена количина следниов зеленчук:
Блитва, брокула, спанаќ, зеље, тиквица, модар патлиџан, краставица, зелена пиперка, ротквици, лист од целер, печурки и карфиол.
Можете да го користите во мала количина – до 50 гр по оброк следниов зеленчук:
Боранија, домат, црвена и жолта пиперка.
Избегнувајте ги во црвената фаза следново:
– Морков, целер, зелка, кељ, келераба, прокељ, цвекло, тиква, артичока, аспарагус, кромид, праз
– Тестенини, ориз, компир, грашак, грав, леќа, пченкарен гриз, бел леб.
Можете да го користите во предложени количини едно од следново овошје:
1 портокал, 1 јаболко, 1 крушка, 1 праска, 2 кајсии, 2 киви, 2 мандарини,1/2 грејпфрут, грст јагоди, малини, капини, боровница, рибизли.
Избегнувајте го во црвената фаза:
Банана, ананас, лубеница, диња, црешни, вишни, смокви, грозје, сливи, кокосов орев, јаткасто овошје: ореви, бадеми, лешници, семки смокви, урми.
НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОТЕИНИ (МЕСО И РИБА)
Можете да користите во количина 150-200 грама (половина порција) :
МЕСО: бело пилешко и мисиркино (без кожа), телешко, јунешко, коњско, зајачко месо.
РИБА: ослич, пастрмка, зубатец, бранцин, орада, шкарпина, лист или повремено морски плодови.
ЈАЈЦА: 2 јајца (не повеќе од 2 пати неделно).
Избегнувајте го во црвената фаза:
Мрсно месо (свинско месо, јагнешко, јарешко, гускино) и мрсна плава риба (сардина, туна, гирици, лосос), сувомеснати производи.
ПОДГОТОВКА НА НАМИРНИЦИТЕ :
Во текот на Nutrical ПРОГРАМАТА потребно е намирниците да се подготвуваат на тефлон, скара или во рерна, готвено на водена пареа или во лонец, во микробранова печка. Намирниците не треба да се пржат во масло или да им се додава повеќе масло отколку што е потребно (препорачуваме 1 лажица масло на ден).
За да бидат јадењата повкусни предлагаме додавање на различни зачини (сушени или свежи), маслиново масло или друго ладно цедено нерафинирано масло, сенф и лимонов сок.

ЖОЛТА ФАЗА: Продолжуваме со фазата која има низок број на калории, а која пополека прави подготовка кон стабилизација на резултатот. Со оваа фаза и понатаму се смалува обемот и се губат килограмите, но со за нијанса поспоро темпо. Во исхраната се воведува поширока група на секојдневни намирници. Оваа фаза се состои од 5 дневни оброка од кои 2 ги сочинуваат Nutrical производите додека, преостанатите 3 дефинирани оброци се од секојдневни намирници.
Во ЖОЛТАТА фаза Nutrical производите користете ги за претпладневна ужина (благите вкусови) и за ручек или вечера (солените вкусови).
| ОБРОЦИ | ЖОЛТА ФАЗА – ДНЕВНО МЕНИ : |
| ДОРУЧЕК | 40 гр леб или двопек (интегрален – околу 2 парчиња) или 30-40гр житарици + млечен намаз или 1 шоља јогурт + овошје |
| УЖИНА | Nutrical |
| РУЧЕК | Намирници богати со протеини (месо или риба + зеленчук) |
| УЖИНА | овошје |
| ВЕЧЕРА | Nutrical |
Можете да го користите во неограничена количина следниов зеленчук :
Блитва, брокула, спанаќ, зеље, зелена салата, тиквици, модар патлиџан, краставица, зелена пиперка, ротквици, целер, печурки, карфиол.
Можете да го користите во мала количина – до 150 гр по оброк следниов зеленчук:
Боранија, домат, црвена и жолта пиперка, морков, лист од целер, зелка, кељ, келераба, прокељ, цвекло,тиква, артичоки, аспарагус, кромид, праз.
Избегнувајте го во жолтата фаза следново :
Тестенини, ориз, компир, грав, леќа, пченкарен гриз, бел леб.
Можете да го користите во предложени количини едно од следново овошје:
1 портокал, 1 јаболко, 1 крушка, 1 праска, 2 кајсии, 2 киви, 2 мандарини, ½ грејпфрут, грст јагоди, малини, капини, боровинки, рибизли, црешни, вишни, 2 кришки диња, 1 кришка лубеница, 2 кришки свеж ананас, ½ банана.
Избегнувајте го во жолтата фаза :
Смокви, грозје, сливи, кокосов орев, суво и јаткасто овошје: ореви, бадеми, лешници, семки, урми.
НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОТЕИНИ (МЕСО И РИБА)
Можете да користите во количина 150-200 грама (половина порција):
МЕСО: бело пилешко и мисиркино месо (без кожа), телешко, јунешко, коњско, зајачко месо, свинско филе.
РИБА: ослич, пастрмка, зубатец, бранцин, орада, шкарпина, лист или повремено морски плодови.
ЈАЈЦА: 2 јајца (не повеќе од 2 пати неделно).
Избегнувајте го во жолтата фаза:
Мрсно месо (свинско, јагнешко, јарешко, гускино) и мрсна плава риба (сардина, туна, гирици, лосос) сувомеснати производи .
ПОДГОТОВКА НА НАМИРНИЦИТЕ :
Во текот на Nutrical ПРОГРАМАТА потребно е намирниците да се подготвуваат на тефлон, скара или во рерна, готвено на водена пареа или во лонец, во микробранова печка. Намирниците не треба да се пржат во масло или да додавате повеќе масло отколку што е потребно (препорачуваме ЕДНА лажица масло на ден).
За да бидат јадењата повкусни предлагаме додавање на разни зачини (свежи или сушени) маслиново или друго ладно цедено нерафинирано масло, сенф и лимонов сок.

ЗЕЛЕНА ФАЗА: Оваа фаза ни овозможува слободен чекор, односно стабилизација на постигнатите резултати и воведување на разновидни намирници. Исто така претставува пат кон зачувувањето на здравјето и го спречува враќањето на изгубените килограми. Воведувањето и прифаќањето на разновидна и правилно избалансирана исхрана е главната цел на оваа фаза. Се состои од 5 дневни оброци, од кои 1 е Nutrical производ, додека преостанатите 4 дефинирани оброци се од секојдневни намирници.
ВО ЗЕЛЕНАТА ФАЗА Nutrical производот користете го за претпладневна ужинка (слаткиот вкус).
| ОБРОЦИ | ЗЕЛЕНА ФАЗА – ДНЕВНО МЕНИ : |
| ДОРУЧЕК | 40 гр леб или двопек (интегрален – околу 2 парчиња) или 30-40 гр житарици + млечен производ со мал процент на млечни масти – млечен намаз или шоља јогурт + овошје |
| УЖИНА | Nutrical |
| РУЧЕК | Намирници богати со протеини (месо или риба ) + зеленчук + скробни намирници |
| УЖИНА | овошје |
| ВЕЧЕРА | Намирници богати со протеини (месо или риба) + зеленчук |
Можете да го користите во неограничена количина следниов зеленчук :
Блитва, брокула, спанаќ, зеље, марула, тиквици, модар патлиџан, краставица, зелена пиперка, ротквица, лист од целер, печурки, карфиол.
Можете да го користите во мала количина – до 150 гр по оброк:
Боранија, домат, црвена и жолта пиперка, морков, целер, зелка, кељ, келераба, прокељ, цвекло, тиква, артичоки, аспарагус, кромид, праз.
Можете да го користите во мали количини – до 150 гр во варена состојба за ручек :
Тестенини, ориз, компир, грашак, грав, леќа, пченкарен гриз.
ОВОШЈЕ
Можете да го гористите во предложени количини едно од следново овошје :
1 портокал, 1 јаболко, 1 крушка, 1 праска, 2 кајсии, 2 киви, 2 мандарини, ½ грејпфрут, грст јагоди, малини, капини, боровинки, рибизли, црешни, вишни, 2 кришки диња, 1 кришка лубеница, 2 кришки свеж ананас, ½ банана.
Избегнувајте го во зелената фаза :
Смокви, грозје, сливи, кокосов орев, суво и јаткасто овошје: ореви, бадеми, лешници, семки, урми.
НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОТЕИНИ (МЕСО И РИБА)
Можете да користите во количина 150-200 грама (половина порција):
МЕСО: бело пилешко и мисиркино месо (без кожа), телешко, јунешко, коњско, зајачко месо, свинско филе.
РИБА: ослич, зубатац, бранцин, орада, шкарпина, лист или повремено морски плодови.
ЈАЈЦА: 2 јајца (не повеќе од 2 пати неделно) .
Избегнувајте го во зелената фаза:
Мрсно месо (свинско, јагнешко, јарешко, гускино) и мрсна плава риба (сардина, туна, гирици, лосос), сувомеснати производи.
ПОДГОТОВКА НА НАМИРНИЦИТЕ :
Во текот на Nutrical ПРОГРАМАТА потребно е намирниците да се подготвуваат на тефлон, скара или во рерна, готвено на водена пареа или во лонец, во микробранова печка. Намирниците не треба да се пржат во масло или да додавате повеќе масло отколку што е потребно (препорачуваме ЕДНА лажица масло на ден).
За да бидат јадењата повкусни предлагаме додавање на разни зачини (свежи или сушени) маслиново или друго ладно цедено нерафинирано масло, сенф и лимонов сок.
