Време е за диета

Дозволени намирници и нивната грамажа во црвена фаза

ВО ЦРВЕНАТА ФАЗА МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНСУМИРАТЕ СЛЕДНИВЕ НАМИРНИЦИ:

 

ЗЕЛЕНЧУК  

Можете да го користите во неограничена количина следниов зеленчук:

Блитва, брокула, спанаќ, зеље, тиквица, модар патлиџан, краставица, зелена пиперка, ротквици, лист од целер, печурки и карфиол.

Можете да го користите во мала количина – до 50 гр по оброк следниов зеленчук:

Боранија, домат, црвена и жолта пиперка.

Избегнувајте ги во црвената фаза следново:

– Морков, целер, зелка, кељ, келераба, прокељ, цвекло, тиква, артичока, аспарагус, кромид, праз

– Тестенини, ориз, компир, грашак, грав, леќа, пченкарен гриз, бел леб.

 

ОВОШЈЕ

Можете да го користите во предложени количини едно од следново овошје:

1 портокал, 1 јаболко, 1 крушка, 1 праска, 2 кајсии, 2 киви, 2 мандарини,1/2 грејпфрут, грст јагоди, малини, капини, боровница, рибизли.

Избегнувајте го во црвената фаза:

Банана, ананас, лубеница, диња, црешни, вишни, смокви, грозје, сливи, кокосов орев, јаткасто овошје: ореви, бадеми, лешници, семки смокви, урми.

 

НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОТЕИНИ (МЕСО И РИБА)

Можете да користите во количина 150-200 грама (половина порција) :

МЕСО: бело пилешко и мисиркино (без кожа), телешко, јунешко, коњско, зајачко месо.

РИБА: ослич, пастрмка, зубатец, бранцин, орада, шкарпина, лист или повремено морски плодови.

ЈАЈЦА: 2 јајца (не повеќе од 2 пати неделно).

Избегнувајте го во црвената фаза:

Мрсно месо (свинско месо, јагнешко, јарешко гускино)  и мрсна плава риба (сардина, туна, гирици, лосос), сувомеснати производи.

 

ПОДГОТОВКА НА НАМИРНИЦИТЕ :

Во текот на  Nutrical  ПРОГРАМАТА  потребно е  намирниците да се подготвуваат на тефлон, скара или во рерна, готвено на водена пареа или во лонец, во микробранова печка. Намирниците не треба да се пржат во масло или да им се додава повеќе масло отколку што е потребно (препорачуваме 1 лажица масло на ден).

За да бидат јадењата повкусни предлагаме додавање на различни зачини (сушени или свежи), маслиново масло или друго ладно цедено нерафинирано масло, сенф и лимонов сок.

Mobile version: Enabled