Протеинска диета

 Протеинската диета е резултат на докторската дисертација на професор Џорџ Блекбурн, кој што 1971-ва година ја одбранил на Универзитетот Харвард. После две години оваа диета е прифатена од страна на Министерство за здравје од Канада како официјален метод за лечење на гојазноста. Од тогаш до сега, околу 30 милиони пациенти се излекувани со оваа диета во Канада, САД и Европа.

Протеинската диета се состои од три фази:
1. Активна
2. Реедукативна
3. Фаза на одржување на постигнатата тежина

АКТИВНАТА ФАЗА подразбира редукција на масти и јаглени хидрати во исхраната, со сочуван внес на протеини. Со тоа настануваат одредени метаболни промени во организмот како што е снабдување со потребната енергија од сопствените масни резерви. Благодарение на нискиот внес на јаглени хидрати настанува хипоинсулинемија (ниско ниво на инсулин во крвта), што предизвикува липолиза (разложување на масното ткиво). Масните киселини  оксидираат до кетонските тела, кои што сега стануваат извор на енергија, но и покрај тоа имаат и анорексичен ефект – одсуство на глад и анимички ефект – добро расположение со доста енергија.

Поради горенаведените метаболни промени, протеинската диета се карактеризира со отсуство на глад, добро расположение, брзо губење на масното ткиво и зачувување на мускулната маса (поради соодветното внесување на протеини со висока биолошка вредност). Во активната фаза се губи од 1,5-2 кг неделно и тоа ги мотивира пациентите, зошто резултатитесе бргу забележливи и процентот на откажување од диетата е многу мал.

Пред да се започне со протеинската диета, неопходно е да се направат одредени лекарски прегледи и лабораториски анализи на крвта. Диетата треба да биде водена од страна на специјализирани обучени лекари кои ќе ги контролираат пациентите во секоја фаза и ќе ја комплементираат диета со одредени витамини и минерали, како и да контролираат метаболички промени од фаза до фаза. Во првиот дел од активната фаза се конзумираат 5 готови протеински оброци, со додаток на свежите салати и зеленчук. Оброците се во вид на супа, кајгана, пире, шејкови, сокови, мус, пудинг, палачинки и колачи. Во другиот дел од активната фаза два готови оброци се заменуваат со месо, риба, морски плодови и јајца.

РЕЕДУКАТИВНАТА ФАЗА започнува после завршување на активната фаза, кога телесната тежина на пациентот се приближува до идеалната. Во неа постепено се зголемува внес на јаглени хидрати, а намалува внес на готови протеински оброци. Продуктите се земаат по групи, со што се тежнее кон создавање на урамнотежена исхрана и нови правилни навики во исхраната.

ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ОДРЖУВАЊЕТО на постигнатата телесна тежина, се однесува на веќе изменети навики во исхраната и стилот на живеење. Во согласност со полот, годините и здравствената состојба, секој пациент ја завршува диетата со индивидуални препораки и периодични контроли. Во ова фаза се постигнува адаптација на метаболизмот на секојдневната исхрана и благодарение на оваа фаза јо-јо ефектот не постои.

Протеинската диета заснована на овој метод го намалува кардиоваскуларниот ризик, кој е еден од основните причинители на заболување и смртност кај гојазните личности. Болестите и состојбите: покачен крвен притисок, diabetes tip II, хиперлипопротеинемија и други пореметувања на метаболизмот, во текот на диетата се подобруваат, како и другите поврзани заболувања, како што се артроза, апнеа во текот на сон, астма или венска инсуфициенција.

Со протеинската диета се постигнува брз губиток на телесната тежина, од 7-10кг месечно, со зачувување на мускулната маса и еластичноста на кожата (поради внес на протеини со висока биолошка вредност, минерали и витамински додатоци), одсуство на глад и присуство на добро расположение.

,,Почитувани, Ова е мојот досегашен успех -50кг за 7-8 месеци. Ова сеуште трае... Ве молам доколку не верувате да ми се обратите. Благодарност до Protekal диета, се чувствувам WOW (no comment)”.

ИМАТЕ ПОТРЕБА? ПОБАРАЈТЕ НЕ ВЕДНАШ

Scroll to top