Гојазност

Гојазноста, со сите пратечки компликации, стана еден од водечките здравствени проблеми во развиените земји. Според Светската здравстена организација (СЗО) Европа имала втор најголем процент на луѓе со прекумерна тежина или гојазност во 2014  година, 39% мажи и 40% жени над 18 години имале прекумерна тежина.  Тој факт има големо медицинско, општествено и економско значење и тоа има предизвикано голем општествен и индивидуален интерес во нашето лекување.

Лекувањето се практицира од естетски и превентивни причини или од тераписки причини – корекција на постоечките патолошки состојби, како што се покачен крвен притисок, холестерол, триглицериди, покачен шеќер, артериосклероза… Било кој и да е мотив, процесот на слабеење треба да се одвива под надзор на лекар, зошто слабеењето на погрешен начин може да предизвика влошување на Вашето здравје и појава на несакани компликации како задолжителниот јо-јо ефект.

Суштината на третирањето на гојазноста е диета со промени во навиките во исхраната и зголемена физичка активност. Овој интегрален пристап со промена на начинот на живеење овозможува одржување на постигнатата нова тежина.

Причините за гојазноста се различни. Резултатите во лечењето се прилично сиромашни и не не охрабруваат многу. Според интернационалните статистики околу 90% завршуваат со неуспех. Се смета дека една од основните причини за неуспех во лечењето е недоволно следење од страна на лекар.

Во голем број на случаи, пациентите сакаат брзи резултати, без напор. Водени од многуте примамливи информации од огласите и рекламите во различни медиуми, пациентите најчесто стануваат разочарани и фрустрирани поради изгубени, но и брзо вратени килограми.

За разлика од другите нефармаколошки начини на слабеење, протеинската диета се истакнува како едно од најдобрите решенија, затоа што се базира на научен и интегрален пристап на редукција на телесната тежина.

Диетата може да биде препишана единствено од страна на лекар, специјализиран за водење на протеинската диета. Пацентот е под лекарска контрола од самиот почеток, се следи во сите етапи на диетата, која покрај губењето на тежина овозможува реедукација во исхраната со крајната цел да сменат навики во исхраната и стилот на живеењето.

ИМАТЕ ПОТРЕБА? ПОБАРАЈТЕ НЕ ВЕДНАШ

Scroll to top