Protekal готвач
Со почеток на диетата пациентите често поставуваат прашања во врска со новиот режим на исхрана и идеите на подготвувањето. Од таа причина подготвивме неколку совети и рецепти, за кои дознавме од нашите пациенти и тие можат да им послужат на идните пациенти како олеснување во комбинации на различни Protekal производите со дозволените зеленчуци во диетата.
За подготвувањето на ручек и вечера се комбинират зеленчуци од групата А и групата Б со Protekal производите. Доколку со подготвувањето на оброкот не го искористите сиот потребен зеленчук за тој оброк, остатокот подгответе го како салата или прилог. Комбинирајќи ги Protekal производите, зеленчук и сушени зачински растенија можете сами да креирате нови рецепти.
супи – чорби
Можат да се подготвуваат со Protekal супите.
Можат да се подготвуваат со Protekal супите.
- Чорба од карфиол или брокули. Во 200 мл вода да се вари 50г карфиол или брокула. Кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук или Protekal супа од брокули. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
- Чорба од тиквички. Во 200 мл вода се вари 50г исецкани или изрендани тиквички, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук.
- Чорба од боранија. Во 200 мл вода да се свари 50г боранија, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
- Чорба од спанаќ. Во 200 мл вода да се свари 50г спанаќ, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
Чорба од зеленчук. Во 400 мл вода се вари сушен кромид, 50г пиперка и 50г домат. Како зачин користете сушен магданос, црн пипер и сол.
главни јадења
Се подготвуват со Protekal оброци.
Се подготвуват со Protekal оброци.
Летна манџа со Protekal омлет. Сушен кромид се обарува на малку маслиново масло и вода и се додава по малку за време на готвењето. Се додава ситно сецкана зелена пиперка и се обарува. Потоа се додава до 50г сецкан домат и зачини (сол, црн пипер и малку црвен пипер). Според вкусот може да се додаде малку свеж лут пипер. Се обарува уште малку. Се додава Protekal омлетот, се меша и уште малку пропржува.
Мусака од зеље. 250-300г зеље или блитва да се свари. Половина од свареното се става во тавче. Се обарува доста кромид и 50г исецкани шампињони на малку маслиново масло, зачинето со сол, црн пипер и лук во прав. Смесата да се премачка преку зељето, а потоа се реди другата половина зеље одозгора. Се тоа се прелива со разматениот Protekal омлет и се става да се запече во рерна.
Рестован компир. Се динста сушен кромид на вода со малку маслиново масло. Се додава црвен пипер. Се меша со матен Protekal компир пире.
Полнети пиперки. Се динста поголема количина сушен кромид на маслиновото масло, се додават ситно сецкани шампињони и зачини. Се полнат зелените пиперки и се затварат исто така со пиперка. Да се запече во рерна.
Протеински солен бисквит или погачица. Да се подготви Protekal леб со малку поголемо количество вода. Се додава сол и сушени зачини според вкусот (кромид, лук, оригано..). Се пече во поголем плех и се крши. Доколку сакаме да добиеме погачици, треба да имаме плех со мали округли отвори. Во нив ставаме корпички за колачи. Смесата внимателно се става и се пече.
Протеински солени стапчиња. Во шејкерот се става вода – 40мл и во неа се растворува 1-2 лажици „Dijon“ сенф и малку сол. Кога е сенфот растворен, се додава содржината од кесичка Protekal леб и се меша. На претходно обложено тавче со хартија за печење смесата се обликува во тенки стапчиња долги околу 10цм. Преку се посипува малку сол и се пече. Ваквите стапчиња можат да се прават и со додаток на оригано или малку кромид и магданос.
Protekal PIZZA. Се подготвува тесто за Protekal леб и се става во мало кружно тавче. Се обаруваат 50г домати на малку маслиново масло во кое се става малку лук во прав и босилок. Кога малку ќе се излади се премачкува преку тестото, и се редат сецкани шампињони – 150г и се посипува оригано. Се пече.
Ролат од шампињони со кари. Во шејкер се стават 40мл вода и кесичка Protekal леб. Се меша и разлива во претходно подмачкан пластичен, правоаголен, плиток сад. Се става во микробранова печка и се пече 1 ½ минута. Во тава се обаруваат 50г сецкани печурки со лук во прав и магданос. Кога ќе се вцрвени се додава домат сецкан на коцкички и се додава кари зачин. Се обарува уште малку, па смесата се мачка на испечен леб и се витка во ролат.
Пудинг од зеленчук. Во тава се става малку маслиново масло, се додават ситно сечкани шампињони, спанаќ, зелена пиперка по 50г, лук во прав, сушен кромид. Се става вода и се вари се додека водата не изврие. Се подготвува смесата за Protekal омлет со сланина и се меша со зеленчук. Се става во подлабок сад, а потоа во микробранова печка, се додека омлетот не се испече.
Мафини од пиперки, спанаќ и брокула. Во шејкерот се меша Protekal омлет и се додават зачини: магданос, оригано, лук… Во 3 силиконски модли за мафини се става малку спанаќ, брокула и пиперки кои претходно неколку минути биле во микроталасна. Омлетот се налива преку зеленчукот и се пече во микроталасна уште 2-3 минути.
Спанаќ со компир пире. 200г спанаќ или блитва се вари, а потоа ситно сечка. Се зачинува според вкус – сол, црн пипер, лук во прав, мајчина душичка. На тефлонско тавче се пропржуват 100г шампињони сецкани на ливчиња, се преливат со пола лажица маслиново масло и се мешаат со спанаќот. Се мати Protekal компир пире според упатството и се додава во малку изладената смеса од спанаќ и шампињони.
Омлет со тиквички и пиперки. – На тефлонот со малку маслиново масло се прoпржуваат 50г изрендани тиквички и 100г зелени пиперки. Во тоа се додава Protekal омлет. Се сервира со марула.
десерти
Чоколадни бисквити. Во шејкерот се става 80-90 мл вода и во неа се растворуваат 2 таблети(стевиа) аспартамски засладувач. Се додава кесичка Protekal какао напиток и се меша. Кога ќе се раствори се додава кесичка Protekal леб и добро се меша. Смесата треба да биде густа. Се подмачкува или корпичките се ставаат во модлата за мафини ( 4 парчиња). Изматената смеса се става во калапи и се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 мин. Напомена: За еден оброк смеете да изедете само 2 мафина, зошто се направени од 2 кесички.
Совет за матење на пудингот: Може да се мати со миксер. Се добива убава пенаста структура.