Диета за бремени жени
Правилната исхрана и промената на животните навики може да ја спречат дебелината за време на бременоста и со тоа да се избегнат несаканите последици. Под надзор на доктор, правилната исхрана има позитивен ефект како врз бремените жени така и за бебињата.
Дебелината во бременоста може да доведе до несакани последици. Прекумерната тежина и дебелината може да предизвикаат потешкотии во зачнувањето, појава на дијабетес за време на бременоста, анемија, проширени вени, зголемен крвен притисок и зголемени маснотии во крвта. Може да се појават компликации и за време на самото породување кои се должат на прекумерната тежина, па породувањето мора да се изврши со царски рез. Крварењето по породувањето е почеста појава кај гојазни бремени жени отколку кај трудниците со нормална тежина. Често се јавуваат инфекции на уринарниот тракт и гениталиите. Со цел да се избегнат овие компликации неопходно е да се преземат мерки против гојазноста на прво место со правилна исхрана.
Бремена жена не треба да се здебели повеќе од 15 килограми во деветте месеци од бременоста, а пожелно е телесната тежина да не се зголеми премногу во првиот месец, бидејќи тоа може да доведе до дијабетес во бременоста.
Со цел да се спречи прекумерна дебелина кај бремени жени, докторот препишува нискокалорична диета, богата со храна која содржи протеини, минерали, витамини, омега 3 масти и Protekal оброци.
Имајќи предвид дека диетата Protekal е медицинска, таа првенствено е наменета за зачувување и подобрување на здравјето на пациентите и според тоа индивидуално е прилагодена за секој пациент. Нашите диетолози, бремените жени ги воведуваат на посебен режим во кој сме сигурни дека ќе имаат доволен внес на хранливи материи за правилен раст и развој на плодот без внесување на непотребни калории кои ќе и обезбедат на мајката успешно губење на вишокот килограми.