Диета за деца
Дебелината кај децата има негативни последици врз психичкиот развој на детето бидејќи тие деца често пати се предмет на исмејување од околината. Родителите треба да превземат мерки да не дојде до тоа бидејќи тогаш детето влегува во својот ,,затворен круг“, губи самодоверба и станува подложно на депресија. Детето наоѓа утеха во храната особено во слатките, а тоа доведува до уште поголемо зголемување на тежината која може да предизвика и разни заболувања.
Дебелината кај децата е алармантна. Гојазните деца, тинејџерите и адолесцентите имаат големи шанси да ја задржат прекумерната тежина и кога ќе пораснат. Сето тоа може да доведе до појава на заболувања како што се: болести на срцето, diabetes tip II, апнеа во сон, мозочен удар и остеоартритис.
Во последно време кај децата со прекумерна тежина се појавуваат болести кои се карактеристични за лица во поодминати години како што се: зголемен притисок, зголемени маснотии во крвта, деформитети на коските, замастен црн дроб и хроничен замор.
Процентот на гојазни деца секоја година е во пораст кај сите возрасти. Голем број од нив имаат проблем поради лошите навики во исхраната како што се: нередовна исхрана, преобилни оброци, консумирање на брза храна, бело брашно, слатки, недоволен внес на овошје и зеленчук и недостаток на физичка активност.
Првиот чекор во Protekal Junior диетата е според возраста и висината на детето да се одреди неговата идеална телесна тежина, потоа се пристапува кон изработка на програма со балансирана и здрава исхрана.
Во текот на програмата докторот индивидуално ја одредува количината и видот на намирниците во исхраната на детето врз основа на повеќе параметри како што се: возраста, висината и здравствената состојба. Докторот ја одредува употребата на Protekal оброците заедно со разновидна исхрана во текот на денот. Под избалансирана исхрана се подразбира голема употреба на овошје и зеленчук, а главна цел е детето да губи телесна тежина и при тоа да се задоволени неговите нутритивни и енергетски потреби .
Protekal Junior диетата содржи најразновидни Protekal слатки и солени оброци како што се чоколади и бисквити кои се нискокалорични без шеќер, а им помагаат на децата полесно да се соочат со проблемите кои ги носи дебелината и да бидат истрајни во програмата за слабеење.
Дозволената количина на Protekal оброци ја препишува докторот во зависност од здравствената состојба на детето. За време на Protekal Junior диетата детето постепено ги губи вишокот килограми. Крајната цел на програмата е да се променат навиките во исхраната и животниот стил на детето. Важно е родителите да научат дека борбата со гојазноста кај детето не е лесна и дека процесот на слабеење бара истрајност и упорност.