Диета за доилки

Во голем број случаи за време на бременоста, жените добиваат поголема тежина отколку што е потребно и потоа ја задржуваат истата и по породувањето. За многу жени ова е најважниот момент и пресврт дали ќе бидат гојазни  или со здрава телесна тежина во понатамошниот живот.

Оваа  дебелина подоцна  може да предизвика низа заболувања како што се: срцеви заболувања, висок крвен притисок, замастен црн дроб, маснотии во крвта, diabetes tip II, проширени вени на нозете, апнеа при спиење, мозочен удар, остеоартритис и деформитети на коските и ‘рскавицата. Дебелината исто така може да предизвика психолошки проблеми како и проблеми со идните зачнувања. 

Поради сите овие ризици, се препорачува да се регулира телесната тежина што е можно побрзо кај жените по породувањето. Ако младите мајки дојат, нашите доктори им препорачуваат посебен режим,  со кој сме сигурни дека мајката што дои ќе има доволен внес на  хранливи материи за правилен раст и развој на доенчето. Притоа нема да има внес на непотребни калории, а сето ова  ќе и обезбеди на мајката успешно слабеење.

ИМАТЕ ПОТРЕБА? ПОБАРАЈТЕ НЕ ВЕДНАШ

Scroll to top