Protekal Декстрин растворливи влакна помагаат при опстипација и делотворни се за целиот дигестивен систем

Општо познато е дека реастителните влакна треба да се внесуваат што е можно повеќе и сите лекари и нутриционисти ја препорачуваат храната богата со овие влакна. Растителните влакна по природен пат се внесуваат со консумирање на овошје, зеленчук, цели житарици, мeшунки  итн. Се препорачува внес од околу 30 грама влакна на ден, за да се постигне оптимално здравје и функција на дигестивниот систем. Но, поради нашата потреба да внесуваме вкусна и лесна храна и поради обработка на природните производи ние не внесуваме доволна количина на влакна. Според статистика поголемиот број од  луѓето внесуваат помалку од  15 грама влакна на ден, што е половина од потребната количина. Овој дефицит на растителните влакна им прави проблеми на луѓето, но може да се надополни со Protekal.  Декстрин растворливите влакна  се во облик на прав кој се разматува во вода и се добива вкусен пијалок.

Растителните растворливи  влакна ја впиваат водата во цревата и со тоа се омекнува столицата и затоа се многу делотворни кај проблемите со опстипација (затвор), намалуавање на ризикот од создавање на хемороиди и забрзано исфрлање на токсините и мастите, што влијае на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Научниците тврдат дека 70-80% од функцијата на имунолошкиот систем е поврзана со системот за варење, и со нивно користење влакната директно помагаат во работата на системот за варење , а индиректно помагаат во подигнувањена нивото на имунолошкиот систем( одговор).

Овие влакна ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, што на лицата кои боледуваат од  дијабетес може да им помогне во регулирањето на нивото на глукоза во крвта.  Влакната се со ниска калориска вредност, го забавуваат варењето на храната, па имаме чувство на ситост и не посегаме за грицките и друга храна помеѓу оброците, што е важно за сите кои се на диета.

ИМАТЕ ПОТРЕБА? ПОБАРАЈТЕ НЕ ВЕДНАШ

Scroll to top