Потребни анализи за првиот преглед
Пред доаѓањето на првиот преглед потребно е да ги направите следните крвни анализи (не постари од еден месец):
-Комплетна крвна слика со диференцијална леукоцитарна формула
-трансаминази (ALT,AST,GGT)
–мочна киселина
-уреа и креатинин
-глукоза
-вкупен холестерол, HDL, LDL
-триглицериди
-електролити ( Na, K, Ca, Mg, Cl)
-Fe
-TSH, T3, T4
-Урина – седимент
Доколку имате проблеми со штитната жлезда, потребни се наоди од ендокринолог не постари од 6 месеци, како и анализи : TSH, T3 i T4.
Во случај да имате срцеви проблеми потребен е наод од кардиолог со ЕКГ преглед, не постар од 6 месеци, како и извештај со назначената терапија.
Доколку имате diabetes mellitus tip II, Ве молиме тоа да го напомнете при закажувањето на првиот преглед, како и да направите дополнителна лабораториска анализа: HbA1c и донесете последен извештај од ендокринолог.
На првиот преглед, исто така, потребно е да ја понесете целата актуелна медицинска документација (во случај да имате некаков здравствен проблем).