Венустас ДОО, Скопје

Венустас ДОО, Скопје е шпанско-македонска компанија регистрирана 2011-та година. Примарна дејност на Венустас ДОО е применување на Protekal протеинска диета, со цел да се постигне идеалната телесна тежина, корекција на одредени метаболни пореметувања, а сето тоа поради зачувување и унапредување на Вашето здравје.

После неколку илјади успешно третирани пациенти во Македонија, во 2015та година Венустас ДОО Скопје ја прошири својата дејност на териториија на Косово, а во 2019та и во Албанија.

Од 2020та година нашиот тим успешно работи преку online консултации со пациенти ширум светот.

Нашите почетоци во Македонија

Во просториите на Венустас ДОО Скопје, на 16.10.2011. година се одржа едукација за првата група лекари од Македонија. Учество земаа 20 лекари од Скопје, Гевгелија, Струга и Велес. Едукацијата беше спроведена од страна на Др. Агустин Молинс Олмос, Председател на шпанското здружение за протеинска диета.

Протеинската диета

Протеинската диета со која се занимаваме е научна техника и се спроведува под строг надзор на лекар. Во текот на третманот се користат протеини со висок биолошки квалитет произведени во Франциjа, кои што на територија на Република Македонија ексклузивно ги дистрибуира нашата компанија Венустас ДОО, Скопје.

За лекари

Protekal-протеинската диета е научен метод на слабеење која е базирана на докторската дисертација на др. Џорџ Блекбраон, одбранета на Харвард универзитетот во 1971. Се спроведува исклучиво под надзор на лекари специјално едуцирани за тоа. Претставува единствен научен метод кој доведува до брзо, ефикасно и сигурно регулирање на телесната тежина. До сега е применета на над 30 милиони луѓе ширум светот. Оваа диета исто така помага во регулација на шеќер, холестерол и триглицериди во крвта. Се спроведува исклучиво со докторски рецепт. Protekal диетата ја практицираат исклучиво едуцирани лекари за протеинска диета. За оваа диета можат да се едуцираат доктори од сите специјалности, вработени како во државни, така и во приватни медецински установи. Не ја пропуштајте можноста да ја посетувате следната бесплатна едукација. Повеќе информации на следните телефони: 02/ 2461 810 078/353 354

Нашиот тим

Драган Марковиќ

Директор и основач

Мр Др Гордана Марковиќ

Скопје и Приштина

Др Емилија Најдевска – Ѓорѓиеска

Скопје

Павлина Шутаревска

Директор на филијала Скопје

Михаела Маркоска

Медицинска сестра, Скопје

Бојана Николовска

Медицинска сестра, Скопје

Данче Цекова

Медицинска сестра, Скопје

Теодора Ристова

Администрација, Скопје

Дејан Дукоски

Техничко лице, Скопје

Проф. Др Венера Бериша Мухареми

Приштина

Вјолца Битиќи

Помошник директор, Приштина

Шќипе Мисини

Медицинска сестра, Приштина

Фиторе Хисени

Администрација, Приштина

Др Мира Каушај

Тирана

Клевис Каушај

Директор на филијала Тирана

Кристина Колари

Администрација, Тирана

ИМАТЕ ПОТРЕБА? ПОБАРАЈТЕ НЕ ВЕДНАШ

Scroll to top