Пред доаѓањето на првиот преглед потребно е да ги направите следните крвни анализи (не постари од еден месец):
-Комплетна крвна слика со диференцијална леукоцитарна формула -трансаминази (ALT,AST,GGT) –мочна киселина -уреа и креатинин -глукоза -вкупен холестерол, HDL, LDL -триглицериди -електролити ( Na, K, Ca, Mg, Cl) -Fe -TSH, T3, T4 -Урина – седимент
Доколку имате проблеми со штитната жлезда, потребни се наоди од ендокринолог не постари од 6 месеци, како и анализи : TSH, T3 i T4.
Во случај да имате срцеви проблеми потребен е наод од кардиолог со ЕКГ преглед, не постар од 6 месеци, како и извештај со назначената терапија.
Доколку имате diabetes mellitus tip II, Ве молиме тоа да го напомнете при закажувањето на првиот преглед, како и да направите дополнителна лабораториска анализа: HbA1c и донесете последен извештај од ендокринолог.
На првиот преглед, исто така, потребно е да ја понесете целата актуелна медицинска документација (во случај да имате некаков здравствен проблем).
Оваа веб-страница користи колачиња. На веб страницата www.protekal.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.