Македонската пејачка Наташа Мијатовиќ – Мијата по подолга пауза се врати на сцената со песната „Kо деца мали“, која веќе се врти на радиостаниците. Освен со новиот материјал, таа го привлече вниманието на јавноста и со изгледот. За шест месеци, ослабна 40 килограми и е среќна поради тоа. Вели дека порано телото не можело да го следи нејзиниот немирен дух.– Имаш безброј идеи и планови, а едвај собираш сила да станеш од кревет. Големата тежина зема голем данок. Блиските велеа дека добро ги носам килограмите, но јас знам што значи да имаш вреќа цемент на плеќите. Јасно беше дека морам да ослабнам. Сепак, не можев да го најдам механизмот и од ден на ден само станував подебела. Проблемите со тироидната жлезда сериозно ми го нарушуваа целиот метаболизам. Успеав да ослабам со диетата „Protekal“. Имав успех затоа што ги елиминирав јаглехидратите. Им го препорачувам овој режим на сите со хипотироидоза што почнале да губат надеж дека некогаш ќе ослабат – вели таа.
Пред да ослабам 40 килограми, едвај собирав сила да станам од кревет
Пред да ослабам 40 килограми, едвај собирав сила да станам од кревет