Како изгубив 70 килограми за една година

Велика Ангелкова од Скопје

И пред да започнам со мојата кратка приказна не можам, а да не го кажам своето мислење за храната. Храната е зависност – со иста тежина, како и секоја друга зависност, им се восхитувам на оние кои ја немале. И додека секоја вечер се договарав со себе за диетата која ќе ја започнам утрото, утрото го започнував со многу храна и повторно лута на себе, вечерта се договарав со себе, и се така во круг. Голем, долг и страшен круг.

Еден ден, немајќи претстава дека тој ден ќе ми се промени животот, седејќи на кафе со луѓе од медиумите и спремајќи се да дадам телевизиско интервју во врска со мојата работа, си побарав ( барем се обидов) камера што намалува килограми. Тие ми се насмеаа и ми понудија број од Др. Гордана.
И не дека вербата беше преголема, ама љубопитноста беше. Се јавив и закажав.

По два дена веќе се наоѓав во ординацијата на Protekal и ме дочека пријатна докторка, смирена, нежна и со многу, многу морална подршка. Почна да ми објаснува дека ќе јадам палачинки, сладоледи, пудинзи, чипсови и што уште не, а дека нема да чувствувам глад и дека ќе бидам среќна. Исто така ми објасни дека резултатите ќе бидат видливи за неколку дена?! Некако изгледа и не поверував во тоа па тргнав на службено патување веднаш откако ја почнав диетата, па седмиот ден морав да барам врвка да си ги врзам панталоните, беа преголеми.

И така јас си јадев од моите омилени палачинки со чоколадо и банана, пилешки крокети, чипсови, чоколади, пудинзи, а годината течеше со минус 10,  па минус 20, па минус 30 и сега по точно една година помалку 70 килограми.  Доживувам интересни моменти, со сите повторно се запознавам кога ќе се сретнам (не ме препознаваат). За здравјето да не зборувам, ТОП, со Protekal го регулирав шеќерот и покачениот крвен притисок, а кога бев на детален преглед докторот ми кажа дека поздрава особа не познава, а ако ме оставите бескрајно би зборувала за енергијата, среќата, самодовербата и спокојот кои ги чуствувам. И сепак не мислам дека ова е крајот на диетата, ама сигурна сум дека е почеток на нов стил на живеење.

Сите кои што имате проблем кој јас го имав, со цело срце Ви ја посакувам оваа диета и средба со Др. Гордана. Ве уверувам дека Вашата приказна ке биде иста или поуспешна од мојата.

И БЛАГОДАРАМ ПРОТЕКАЛ!!!!

Велика Ангелкова

Продолжување на мојата приказна:

Пред три месеци завршив со Protekal диетата и како што веќе кажав, “почнав со нов стил на живеење”. Живеејќи го “новиот стил”, за овие три месеци не вратив ниту еден килограм и дури сега моето задоволство е комплетно. Одејќи го патот Protekal резултатите беа повеќе од очигледни, но иако почнав слепо да верувам во секој збор на Др. Гордана, постоеше мала доза на страв од тоа што ќе се случи кога диетата ќе заврши, дали килограмите ќе се вратат. Сега гледам дека мојот страв беше апсолутно неоправдан.
Како што веќе кажав, здравјето се враќа во идеална состојба , крвниот притисок, шеќерот и холестеролот за прв пат се во своите идеални вредности, но скeптицизмот секогаш е тука, па решив да направам и ехо на внатрешните органи. Се беше беспрекорно.
Да не заборавам, секогаш се запрашував, а и луѓето  околу мене ме прашуваа, што со вишокот на кожата? Е тоа во оваа диета го нема. Не ретко се случува да ја кренам блузата и да им покажам дека навистина немам вишок на кожа. Тоа е Protekal.
Без сомневање – нов стил на живот – нов начин на гледање на работите. И конечно да ви кажам – среќата е дел од мојот живот во секој аспект – да влезете во било кој бутик и да купите фармерки број 28, и тоа го дoчекав јас денес! 

Како изгубив 70 килограми за една година
Scroll to top