Мелита Ракичевиќ во интервју за НМД ја открива тајната за совршено тело

Македонската пејачка Наташа Мијатовиќ – Мијата по подолга пауза се врати на сцената со песната „Kо деца мали“, која веќе се врти на радијата. Освен со новиот материјал, таа го привлече вниманието на јавноста и со изгледот. За шест месеци, ослабе 40 килограми и е среќна поради тоа. Вели дека порано телото не можело да го следи нејзиниот немирен дух.

– Имаш безброј идеи и планови, а едвај собираш сила да станеш од кревет. Големата тежина зема голем данок. Блиските велеа дека добро ги носам килограмите, но јас знам што значи да имаш вреќа цемент на плеќите. Јасно беше дека морам да ослабам. Сепак, не можев да го најдам механизмот и од ден на ден само станував подебела. Проблемите со тироидната жлезда сериозно ми го нарушуваа целиот метаболизам. Успеав да ослабам со диетата  Protekal. Имав успех затоа што ги елиминирав јаглехидратите. Им го препорачувам овој режим на сите со хипотироидеја што почнале да губат надеж дека некогаш ќе ослабат – вели таа.

Мелита Ракичевиќ  во интервју за НМД ја открива тајната за совршено тело

Зависник од мода и фитнес

Мелита Ракичевиќ ја паметиме по нејзините долгогодишни едукативни емисии за животни, притоа ширејќи позитивна енергија со нејзината постојана ведрина и насмевка.

Последниве години Мелита ја нема на малите екрани, но постојано е присутна на социјалните мрежи каде предизвикува уште поголемо внимание од порано со нејзиниот уникатен моден стил и пред се со неверојатниот изглед.

НМД одлучи да ја замоли Мелита да ни открие како успева да им пркоси на годините, во голем стил!

НМД: Мелита, како успеваш да ја одржуваш линијата, дали си вегетаријанец или можеби веган, или твојата исхрана е разновидна?

Мелита Ракичевиќ: Од пред еднаипол година започнав еден режим на исхрана кој ми е по препорака на Д-р Гордана Марковиќ, кај која бев еден месец на Protekal диета и ја добив мојата идеална тежина, а си го подобрив и здравјето, изгледот, кожата.
Всушност, во прашање беа само неколку килограми, но направив детокс на организмот и ги отстранив погрешните навики на исхрана, која со години наназад, поради стресната работа со која се занимавав, спонтано ми се наметнаa.
По завршувањето на диетата, од која сум воодушевена, јас комплетно го променив начинот на исхрана.
Основа на исхраната ми се протеините и зеленчукот, 4-5 оброка во мали количини и многу вода!
Се што јадам е обезмастено, скоро воопшто не јадам благо, евентуално овошје како замена.
Не консумирам ништо што содржи конзерванси, пијам кафе без шеќер и брзо се навикнав на чувството да не се прејадувам.

НМД: Со што ти започнува денот и колку оброци имаш во текот на денот?

Мелита Ракичевиќ: Веќе споменав имам околу 5 оброка, помеѓу нив има 4 часа нејадење или малку овошје претпладне.
Денот го започнувам со голема шоља кафе без шеќер и чаша вода, потоа појадок од протеини, како на пример варено јајце, обезмастено млеко или парче интегрален леб со малку намаз.
Сокови не пијам, ретко природни, ги одбегнувам поради шеќерите. Ги бројам калориите и водам сметка колку внесувам.

НМД: Дали пиеш доволни количини вода, дали пиеш газирани сокови или алкохол, односно кои се твоите принципи во тој поглед?

Мелита Ракичевиќ: Од вода сум зависник. Обавезно пијам по 3 литри во текот на денот, исто така пијам многу чаеви (од нив сум зависник), газирано никогаш, а сакам и чаша вино со ручек или вечера.

НМД: Дали одиш на фитнес, односно каква е твојата физичка активност?

Мелита Ракичевиќ: Да, веќе четири години тренирам, поточно вежбам со тренер, во најдобриот женски фитнес центар “Магнус”.
Вежбам во просек четири пати неделно и телото и линијата ми се доведени до совршенство. Би препорачала секоја жена по триесетата година да вежба задолжително, не само за добар изглед, туку и од здравствени причини.
Јас по тренингот сум расположена, весела, задоволна и полна со енергија!
Кога е убаво времето џогирам на кејот, а зимно време трчам на трака.
Јас сум тотален зависник од фитнес!!

НМД: Која крвна група си и дали некогаш си се водела од тој аспект во исхраната, односно дали некогаш си применувала некаков специфичен режим на исхрана?

Мелита Ракичевиќ: Јас сум крвна група О и дури си купив и книга за исхрана по крвни групи. Точно имам проучено што ми одговара на мојот метаболизам и доста применувам од таа теорија..
Храна со јод е препорачлива за нас од оваа крвна група, така да обожувам да јадам морска храна која ми е омилена. Не сум опседната со овие принципи, но ги почитувам.

НМД: Мелита, колку си вешта во кујната и дали би можела да ни предложиш некој рецепт кој ти е фаворит, тебе и на твоето семејство?

Мелита Ракичевиќ: Јас доста готвам, но, да бидам искрена, мојот сопруг е невиден талент за готвење, па убаво се надополнуваме.
Готвам разновидно, од слатки десерти по кои лудува мојата ќерка, до тестенини кои во принцип ги избегнувам, но понекогаш си ги дозволувам.
Нешто што многу лесно правам, а е мое омилено е рижото со морски плодови за кое сум специјалист, а исто така и пити, гибаници и слично.
Бидејќи сум половина србинка, мајка ми спремаше српски специјалитети, кои ги наследив. Ми се случува и сама да измислувам рецепти по мој вкус и сите потоа да се воодушевуваат!

Мене готвењето ме смирува и забавува.

Поздрав до читателите на НМД!
Разговорот го водеше Петар Попоски

Мелита Ракичевиќ во интервју за НМД ја открива тајната за совршено тело
Scroll to top